Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дваесетти јубилеј на Оф Фест – од денес до 13-ти ноември во НОБ

0
By Mirjana on November 9, 2021 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 9, 2021 12:22

Љубителите на добриот музички звук оваа година по јубилеен дваесетти пат ќе уживаат во музичката селекција на фестивалот Оф Фест, кој  почнува од денес, а ќе трае до 13-ти ноември. Овогодинешната програма е „свежа“, разновидна и возбудлива, една од најинтересните во скорешната историја на фестивалот.

Фестивалот ќе започне во Кино Фросина во МКЦ со проекција на документарецот „The art of Amalia“, посветен на големата фадо-дива Амалија Родригез, а ќе продолжи во НОБ со настапот на дуото Лина и Раул Рефри, кои испорачуваат осовремено и надградено фадо, музика што ги надминува географските одредници.

На 11-ти ноември со почеток во 20 часот во НОБ ќе може да се проследи мистичниот минимализам, имагинарниот фолк и нескротливата музичка фантазија и вештина на триото Широм (Словенија) во комбинација со апокалиптичната самба на композиторот и гитарист а воедно и еден од најзначајните експоненти на современата бразилска музика Кико Динучи.

Конечно, еден од најинвентивните и најоригинални африкански автори Блик Баси (Франција) заедно со македонскиот Пијан Славен (новиот проект на Бранислав Николов-фронтменот на Фолтин) ќе го заокружат овогодинешното издание на Оф Фест на 13-ти ноември во НОБ.

Оф Фест за првпат се случи во 2002 година како втор фестивал кој се издигна од долгогодишната традиција на Скопје Џез Фестивал. Идејата беше да се создаде уште еден важен музички настан во различен период од годината и жанровски пошироко ориентиран. Иницирањето на Оф Фест се наметна како природен чин во ерата на глобализацијата што резултираше со пораст на креативноста, популарноста на таканаречената „музика на светот“ (world music). Оф Фест презентира музика од сите континенти, со фокус на различни категории, од традиционални, етно, фолк, до урбани, современи и експериментални музички жанрови. Реномирани артисти од целиот свет се дел од долгогодишната традиција на Оф Фест.

Марија Поповска

Почнува ОФФ ФЕСТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.