На 06.12.2021 во 02.00 часот на ул.„Миле Поп .Јорданов” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Ф.(30) и Е.Џ.Ш.(27), двајцата од САД,.

Двајцата биле приведени затоа што претходно се однесувале агресивно и оштетиле дел од инвентарот во угостителски објект на наведената улица, а се обиделе и физички да го нападнат сопственикот.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ова е втор инцидент со американски државјани, откако пред еден месец 42-годишен државјанин на САД бил приведен во Полициската станица Кисела Вода затоа што во хотел на ул.„Јордан Мијалков” се однесувал недолично.

Додека влегувал во ходникот на станицата, започнал агресивно да се однесува и да удира со раце и нозе по инвентарот, по што истепал тројца полицајци.