Двајца кинески патници со симптоми слични на грип се сместени во болница во Шкотска. Британските медиуми објавија дека најверојатно станува збор за корона вирус. Двајцата пациентис е сместени во излација додека додека се чекаат официјалните резултати.
Заболените дошле од Вухан, жариштето од каде што изби епидемијата на корона вирус. За време од три недели откако на 31.12. 2019 се појави болеста, досега починаа 17 луѓе, а регистрирани се над 600 заболени.
Во деветмилионскиот кинески град Вухан, во кој беше регистриран првиот случај на новиот тип на коронавирус веќе се затворени сите сообраќајни и транспортни мрежи, а на граѓаните им е советувано да не го напуштаат градот, јавија кинеските државни медиуми.
Во прекин е автобускиот, подземниот, траектниот и меѓуградскиот сообраќај, додека аеродромот и железничката станица ќе бидат затворени за сите патници во заминување од денеска претпладне. Властите ги замолиле граѓаните да не го напуштаат градот без некаква посебна потреба, пренесуваат британските медиуми.
Вирусот од Вухан досега се прошири и на други кинески градови, како Пекинг, Шангај, Макао и Хонг Конг, а потврдени случаи има и во САД, Тајван, Тајланд, Јапонија и Јужна Кореја.



