Арлинд Зеќири и Беким Максути, кандидати за нови министри и заменици министри од редовите на ДУИ не се најдоа на листата на премиерот Емил Димитриев испратен денеска пред собраниската седница. Димитриев на собраниската седница која е во тек, не ги прочита имињата на новите министри кои се на неговата листа.

За Димитриев се претпоставува дека е неприфатливо што, Максути во 2012 година во униформа на АРМ, заедно со тогашниот министер за одбрана Фатмир Бесими се поклонија пред споменикот на ОНА во Слупчане.

Се уште не се знае зошто Димитрев го отфрлил и Зеќири, кој е предложен за министер за странски инвестиции без ресор.

Од своја страна пак, лидерот на ДУИ, Али Ахмети инсистира или кандидати од листата да бидат изгласани во Собранието, во спротивно, сите предложени имиња ќе бидат повлечени.