Двајца мигранти од Пакистан држеле во заложништво поголема група на мигранти во напуштен објект во Ваксинце. Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово, по претходно добиени сознанија, денеска го обезбеди посочениот објект во кумановското село при што лиши од слобода 21 лице и во моментот се утврдуваат причините и околностите под кои групата се нашла на територија на државата.
„По преземените мерки и активности, во напуштениот објект се пронајдени 21 мигрант, од кои двајца се сторители и потекнуваат од Пакистан и 19 оштетени лица – мигранти. Сите се лишени од слобода“ се вели во извештајот на СВР Куманово.
Се работи на целосно расчистување на случајот по што ќе биде следува и соодветен поднесок.