Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против две службени лица од затворот Шутка за „Неовластено снимање“.
Според пријавата на 30 ноември минатата година првообвинетиот како службено лице што било на стражарска кула го забележал оштетениот – поранешен функционер во МВР и го фотографирал преку прозорското стакло без негова согласност, со што му ја повредил приватноста.
Фотографиите во приватна порака, преку социјалните мрежи ги проследил на тројца колеги, меѓу кои и на второобвинетиот кој понатаму фотографијата ја проследил на уште двајца униформирани полициски службеници.
Во предлогот за издавање на казнениот налог предложено е судот на обвинетите да им изрече условна осуда и да им утврди казна затвор во траење од три месеци, што нема да се изврши доколку обвинетите не сторат ново кривично дело во траење од две години.