Published: Saturday, December 26, 2015 10:25
Најмалку 12 луѓе се повредени во северноисточната провинција Нангахар, откако Авганистан го потресе земјотрес.
Портпаролот на гувернерот на провинцијата, денеска соопшти дека голем број на студенти во главниот град на провинцијата, Џалалабад се повредени во стампедо кое се случило додека се обидувале да избегаат од универзитетската зграда за време на земјотресот.
Епицентарот на земјотресот бил во провинцијата Бадакшан, во близина на границата со Таџикистан.
Американскиот институт за геологија соопшти дека земјотресот од 6.2 степени настанал на длабочина од 203 километри. Во Кабул, жителите излегуваат од нивните домови стравувајќи од нови потреси.




