Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Две деца се во кома, 11 се повредени

0
By Нова ТВ on May 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Две од четирите деца кои се сместени на одделот за интензивна нега на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) се уште се во животна опасност и се во коматозна состојба со повреди на главата и нагмечување на градниот кош по тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа во близина на кочанското село Оризари, информираат од Ургентниот центар.

Во Ургентниот центар се примени 11 деца, а од нив пет деца се лекуваат на Клиниката за неврохирургија, од кои две се во потешка состојба и се на одделот за интензивно лекување на оваа клиника, а три се на одделение.

Две деца се примени на Детска хирурхија, тие се во добра здравствена состојба и најверојатно денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување.
Од Ургентниот центар информираат дека една оперативна интервенција е направена врз девојче на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија поради санирање повреди на лице. Интервенцијата траела до 5 часот изутрината и потоа е однесено повторно на КАРИЛ.

Три деца се хопситализирани на интензивна нега во Општата болница во Кочани и нивната здравствена состојба е стабилна
Повредените деца се на возраст од 4 до 13 години.
Една жена синоќа им подлегна на повредите со кои се здобила во несреќата до која, како што посочија од СВР-Штип, дошло откако трактор со приколка во која се превезувале 16 лица, повеќето малолетници кои биле на излет, се превртел во близина на местото Илин дол на патот меѓу кочанските села Пресека и Оризари. На самото место загина возачот на тракторот.

Вчера попладнето и пет други деца беа повредени во сообраќајна несреќа во близина на Дебар кои исто така, се враќале од првомајски излет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.