Ни по две години од мистериозната трагедија, истражувачите не знаат што се случи и каде е авионот на Малезија Ерлајнс кој леташе за Пекинг од Куала Лумпур во март 2014 година со 227 патници.
Кратката изјава на тимот меѓународни експерти, кој објавува годишен извештај втор пат по ред, не дава ништо ново во поглед на расчистувањето на мистеријата.
Сепак, премиерот на Малезија, Наџиб Разак верува дека до крајот на годинава ќе има резултати од потрагата.
– Сегашната истрага се очекува да заврши кон крајот на годинава, и ние се надевам дека авионот кој се водеше под летот 370, ќе биде пронајден, изјави тој.
Властите сметаат дека Боингот 777 свртил кон јужниот дел од Индискиот Океан и дека најверојатно паднал во вода. Минатата година во областа каде што тие тврдеа дека е можеби паднат авионот, беше пронајден фрагмент, што беше потврда дека авионот се урнал.
Агонијата и понатаму продолжува за оние кои ги изгубиле најблиските при летот од Кала Лумпур кон Пекинг. Многумина од нив зборувајќи пред медиумите, велат тие се чувствуваат безнадежно и скршено.
Теориите за исчезнвањето на авионот, кој се предмет на разгледување, помеѓу другото се и можна механичка грешка, терористички акт или грешка на пилотот.
Полека истекува и времето кога Малезија Ерлајнс може да се тужи, а изминативе денови поднесени тужби во кон компанијата во САД, Малезија, Кина, Австралија и во други земји.
Тужби се насочени и кон малезиската влада и кон Боинг.




