Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Две години од смртта на Роберто Беличанец

0
By Нова ТВ on June 29, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 29, 2015 15:07

На денешен ден пред две години почина Роберто Беличанец, во јавноста познат како аналитичар, колумнист, жесток и остар критичар на сите негативности во општеството. Беличанец помина голем дел од својот живот борејќи се за слободата на говорот и слободната мисла.

Освен по аналитичките текстови и колумни, тој беше познат и по својот специфичен хумор со кој не штедеше ниту еден од моќниците во Македонија.

Во 2001 година Беличанец го основа и беше директор на Центарот за развој на медиуми, а претходно беше и основач на Македонскиот прес-центар. Својата професионална кариера ја почна во раните 1990-ти години како дел од првата екипа на неделникот „Фокус“. Роден е во Прилеп на 1 февруари 1972 година и е татко на три деца.

Фрагменти од текстовите на Беличанец

ПА НЕ СМЕ СКАКУЛЦИ

Се сетив на еден документарец за скакулците – оние обични скакулци што водат нормален живот на скакулец кога се сами, но кога се во големи групи, збеснуваат, формираат роеви и јадат сè пред себе. Обичниот зелен скакулец, кога ќе се најде во поголема група, комплетно се менува. Ја менува бојата и го менува однесувањето. Она што е интересно е дека притисокот на групата обично резултира со промена на бојата и однесувањето на една единка, а потоа од неа, концентрично со геометриска прогресија, се шири на другите. Феномен на масовна трансформација на инстинктите, чувството на загрозеност ја трансформира единката и сосема други хормони се лачат, и започнува нападот на ројот врз сè што може да изеде…

Арно ама, луѓето не се скакулци и оваа аналогија применета на масовните феномени останува некомплетна. Иритацијата кај скакулците ја предизвикува хемиски индуцирана комуникација меѓу единките и тие под дејство на хемикалијата која што ја испуштаат – брзо се трансформираат. Кај луѓето нема таков хемиски агенс…

Може ли конечно да почнеме да зборуваме зошто ни се случува сево ова, за промена? Имаме ли сила како општество да ја смениме приказната? Може ли да почнеме од себе? Да престанеме да ги слушаме оние што нè плашат и што нè буцкаат, и да почнеме да мислиме со своја глава, за свое добро, за доброто на блискиот, на комшијата, на заедницата… Да ги оставиме доброволните даватели на туѓа крв без крв, а за досегашната да им речеме – оваа крв е на ваши раце и на ваша глава!
Па, не сме скакулци!

Роберто Беличанец
14.03.2012.

РЕПОРТЕРИ БЕЗ МЕДИУМИ

Прво почна со потплаќање на медиумите преку рекламни кампањи. Па со сатанизација на цели медиуми. Па партијата-режим го дигаше рејтингот на некои шамани и медиумски егзибиционисти преку гостувања на клучните министри и премиерот. После почнаа со затворање на непослушните медиуми. Го ставија МПМ во своја орбита преку операцијата „шише“, Потоа го откупија МПМ преку своите бизнисмени. Па на ред дојде „Алфа“. Во меѓувреме чистат сè што има создадено какво такво име во новинарството.

Денес медиумите се полни со Сарми. А репортерите се без медиуми. Оваа деперсонализација на вестите, особено видлива на „Курир.мк“, е симптом кој јасно укажува како новите медиумски господари го гледаат новинарството. Не како авторство, не како потпишан текст или прилог – туку како функција, обезличено до максимум.

Роберто Беличанец
02.02.2013.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.