Published: Saturday, April 20, 2019 10:45
Две момчиња на возраст од 18 и 19 години се уапсени за убиството на новинарката Лира Меки.
Меки беше убиена за време на немирите во населбата Криган во Северна Ирска во четвртокот вечер.
Насилството избувна откако полицијата изврши рации во куќите на неколку насилни републикански дисиденти.
„Наша проценка е дека зад нападот стои новата ИРА и во таа насока ја водиме истрагата“ рече началникот на полицијата.
Вооружен напаѓач пукал повеќе пати кон полицијата за време на немирите, а Меки стоела во близина на полициското возило со други новинари.
Телевизиската мрежа CCTV објави снимка од еден од осомничените напаѓачи како пука кон полицајците и новинарите. Детективот кој ја води истрагата рече дека „убиството е бесмилено и тешко за верување“.




