Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Две третини од граѓаните го поддржуваат „Отворен Балкан“

0
By Соња Крамарска on June 12, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Речиси две третини од граѓаните на земајва позитивно ја оценуваат иницијативата „Отворен Балкан“, покажа последната анкета на Институтот за политички истражувања Скопје. Преку 63 отсто од населението смета дека е добра иницијативата за засилување на регионалната соработка и економската интеграција меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија.

Негативно на ваквите процеси гледаат само 15,9 отсто од испитаниците, што е драстично поголема разлика отколку одговорите на анкетата од истиот институт направена во 2020 година, кога само 42,4 отсто од граѓаните биле позитивни за „Отворен Балкан“, а речиси 40 отсто гледале негативно.

Истата анкета открива дека граѓаните сметаат дека со Србија, која заедно со Северна Македонија е иницијатор на „Отворен Балкан“ е државата со која имаме најдобри односи. Повеќе од 56 отсто од испитаниците својот одговор го дале за Србија, а потоа следува Албанија, другиот партнер во иницијативата „Отворен Балкан“ со 11,3 отсто.

Од друга страна, како држава со која имаме најлоши односи, граѓаните со огромно мнозинство од 64,6 отсто ја истакнале Бугарија, која го блокираше евроинтеграцискиот пат на државава.

анкета Институт за политички истражувања Скопје отворен балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.