Две жени на возраст од 35 и 44 години биле ранети при пукање на свадбена прослава во гостиварското село Чајле.
Двете жени биле повредени откако домаќинот на прославата, која се одржувала во дворот на семејната куќа – извадил пиштол и почнал да пука.
Жените биле пренесени во гостиварската општа болница, а домаќинот на веселбата Б.Х е здржан во полициска станица во Гостивар.
Увидна екипа и јавен обвинител извршиле увид и се работи на расчистување на случајот.
Сличен инцидент пред четири дена имаше во тетовска Мала Речица, кога при пукање со огнено оружје на свадбена прослава беа ранети две лица, меѓу кои и синот на пратеникот Џевад Адеми .
Синот на пратеникот од ДУИ Џевад Адеми е ранет при пукање на свадба во Мала Речица
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по инцидентот апелираше да не се користи огнено оружје за време на веселби.
„Семејните веселби не се прават за таму некој да се однесува неоодговорно и да употребува огнено оружје. Не можам да го разберам тој начин на веселба со огнено оружје. Се знае кога и во кои услови се користи огнено оружје“, рече Спасовски.