Published: Sunday, January 3, 2016 10:49
Двегодишното дете се удави кај грчкиот остров Агатониси и тоа прва жртва меѓу мигрантите оваа година, соопшти крајбрежната стража.
Момчето и уште 39 патници се наоѓале во гумен чамец полн со мигранти, кој вчера удри во карпа кај островот и се преврте.
Сите мигранти се спасени, освен двегодишното дете. Десетмина од преживеаните се хоспитализирани поради хипотермија.
Чамецот, со кој патувале тргнал од Техеран во услови на засилен ветер. Меѓу спасените е и мајката на детето, по што тие се префрлени во пристаништето Питагорио на островот Самос.
Засега не е познато од кои држави доаѓале мигрантите.




