Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Двете фази од планот на Нетанјаху за целосна окупација на Газа

0
By Zoran Ivanov on August 7, 2025 СВЕТ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 7, 2025 10:22

Се очекува израелската влада денеска попладне да даде зелено светло за плнот на Нетанјаху за окупација на целиот Појас Газа.

Израелските медиуми веќе објавуваат некои детали од планот според копи окупацијата би траела 4 до 5 месеци и при тоа ќе бидат раселени околу еден милион Палестинци.

Планот, на кој се спротивставуваат високи офицери на ИДФ кои стравуваат дека ќе ги загрози животите на заложниците на Хамас, наводно има за цел да го уништи она што останало од палестинската терористичка организација и да изврши притисок врз неа да ги ослободи 50-те заложници што сè уште ги држи, од кои околу 20 се живи, откако неодамнешните разговори за постигнување договор не успеаја.

Како што објави „ Тајмс оф Израел“, планот на Нетанјаху ќе започне со окупација на градот Газа и камповите во централниот појас, протерувајќи околу половина од населението на енклавата кон југ, кон хуманитарната зона Маваши.

Двете фази од проектот

Според вестите на Канал 12 , во првата фаза од планот, Израел ќе издаде предупредување за евакуација до жителите на градот Газа – проценети на околу 1 милион луѓе – за да се овозможи време за изградба на инфраструктура за цивилите во центарот на градот, вклучувајќи болници и кампови за раселените лица, при што се очекува оваа фаза да трае неколку недели.

Во втората фаза, Израел ќе започне воена офанзива, за време на која се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да одржи говор во кој ќе го објави забрзувањето на хуманитарната помош во координација со Израел.

Телевизиите Ynet, Kan и Channel 13 објавија дека се очекува четири до пет дивизии на ИДФ да бидат вклучени во операцијата. Според Кан, покрај градот Газа во северниот дел од Појасот, планот бил да се прошири и во камповите во централна Газа, каде што ИДФ досега има минимално присуство. Се очекува цивилното население да биде потиснато подалеку во јужниот дел од Појасот, додека операциите ќе се спроведуваат во области каде што се верува дека се држат заложници, со напори да се избегне каква било штета за нив. Сите верзии на планот, според истите извори, беа презентирани во тричасовна дискусија меѓу помала група во вторник, во која началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Земир, му презентираше на Нетанјаху различни опции за продолжување на воените операции во Појасот Газа.

Улогата на центрите за помош

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби, во средата за Блумберг изјави дека постои притисок брзо да се додадат 12 центри за помош на четирите што веќе работат под израелско и американско покровителство.

Проширувањето ќе биде финансирано со околу 1 милијарда долари донации од САД и други земји, објави Канал 12, додавајќи дека целта би била да им се даде на жителите на Газа пристап до помош што го заобиколува Хамас, додека градот Газа останува под израелска контрола.

Кан, исто така, извести за алтернативен план на маса, кој би го опколил градот Газа и камповите во неговиот центар, би ја блокирал помошта за тие области и би започнал целни напади наместо целосна окупација, со цел да се ослаби Хамас.

Недостатокот на овој план би бил што ќе потрае, но безбедносните претставници рекоа дека тоа би можело да биде прв чекор пред преземањето на областите, при што Бенјамин Нетанјаху наводно го отфрлил овој план.

Израелските вооружени сили ќе бидат повикани да ги „спроведат“ претстојните одлуки за продолжување на војната во Појасот Газа, нагласи вчера министерот за одбрана Израел Кац во пресрет на клучниот состанок во тесен состав за следната фаза од операциите – на кој реагираше воената хиерархија.

 

газа евакуација Израел план
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.