Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Движење Антикоцкање: Законот не го решава проблемот, ќе продолжиме се до искоренување на порок

0
By Marija Todorovska on February 9, 2024 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 9, 2024 12:51

 Претставници на Движењето Антикоцкање од Тетово денеска одржаа прес-конференција на која посочија дека ќе продолжат со активности иако се изгласаа измени во Законот за игрите на среќа. Според нив, измените не се доволни, а тие сакаат, нагласија, целосно искоренување на порокот.

– Свесни сме дека овој закон не го решава проблемот во целина како што бара Движењето Антикоцкање за благосостојба на граѓанинот. Сметаме дека тоа е еден добар почеток за борба против оваа негативна појава, за прв пат се спомнува дистанца која значително ќе влијае на заштитата на нашите деца и на нашите семејства. Останува да се види како ќе се применува и до каде е сериозноста на овие промени. Ние од Движењето Антикоцкање ќе продолжиме и во иднина да се ангажираме се до искоренување на овој лош порок, и натаму ќе водиме битка за заштита од класичниот грабеж кој се врши над граѓанинот до нивно целосно затворање, изјави Џемал Абдиу.

Движење Антикоцкање смета дека со мал број гласови е направено усвојувањето на измените во законот.

– Малиот број на гласови е јасен показател дека нешто не функционира, тоа покажува дека овие објекти не паднале од небо, тоа е јасен показател дека моќните олигарси се создадени од тие кои мислевме дека треба да не бранат потврдувајќи го епитетот дека ние сме коцкарска држава. Ние сме против секаков вид на коцкање, било да е тоа физичко или онлајн. Благодарение до вас пратеничка група на ДУИ, СДСМ и А. А, со вашиот глас ни дадовте нов дух и покажавте како не треба да бидеме жртви на интересите на незаситните олигарси. До сите вас кои сè уште се двоумите, ве повикуваме да ги оставите политичките несогласувања, позиционирајте се во однос на доброто и лошото бидејќи тоа му дава ориентација и вредност на нашиот живот, посочи Џемал Абдиу.

На новинарските прашања дали како Движење Антикоцкање ќе имаат активности и против онлајн приредувањето игри на среќа што се во организација на Државна лотарија, Абдиу со рече дека нема да дозволат едно коцкање да се замени со друго.

– Ние никогаш не би сакале и нема да дозволиме едно коцкање да се промени или замени со друго коцкање. Така што ние до максимум ќе се потрудиме и ќе ги демаскираме сите овие што мислат дека ова коцкање и да се злоупотреби овој закон што е донесен сега со некое друго коцкање. Крајна цел е затворање на сите објекти на игри на среќа. На почетокот едно и единствено барање ние беше да бидат 3 километри надвор од населено места. После убиството што се случи и после затворањето на таквите објекти во земјите од регионот и ние од тогаш бараме затворање на сите објекти сè додека не се донесе нов закон, но закон што ќе ја брани благосостојбата на народот, рече Абдиу.

Измените во закон за игри на среќа предвидува тие објекти да бидат оддалечени 500 метри основните и средните училиштата, а тоа треба да се спроведе за време од една година.

Движење Антикоцкање Закон за игри на среќа Џемал Абдиу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.