Движењето Одлучно за промени вечерва во паркот во Ѓорче Петров ја промовираше програмата Ѓорче прва зелена општина во градот Скопје. Пред ѓорчепетровци, кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров, д-р Љупчо Јаневски ја претстави програмата и визијата за модерно, зелено и одржливо Ѓорче. Јаневски ги потенцираше приоритетите на кои
што се базира програмата:
– Хумано урбано планирање
– Зелен економски развој и дигитализација
– Зелена општина за сите нас
– Младинско движење и образование
– Локален младински план
– Трето добра во Ѓорче
– Социјална еднаквост за сите
– Земјоделие и рурален развој
– Ѓорче Петров – прва вело општина во Скопје 2021-2025
– Осветлена зона Ѓорче Петров
– Општина што учи
Ѓорче преживеа 30 години, резултатите ги гледаме токму денес. Ние немаме време уште 30 години да ги потрошиме чекајќи некои други луѓе да ни ги решаваат основните потреби во општината а градот да започнува од Влае. Оставена ни е можност да го изградиме Ѓорче по сите европски и светски стандарди за модерна општина. Какво Ѓорче ќе изградиме во такво и
ќе живееме. Јас сум сигурен дека ќе изградиме општина со која ќе се гордееме сите. Инвестиции во незагадувачка зелена индустрија, култура,спорт, мирно трето доба, рурален туризам и многу млади кои сакаат да живеат во Ѓорче а не да си заминат од него. Доволно се утопистички проекти , Време е за реалноста која сите заедно одлучно да ја изградиме, истакна Љупчо Јаневски кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров од Движењето Одлучно за промени од ДОМ и ЛДП.