Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Двочасовна блокада на патот Прилеп-Витолиште и протест поради негрижата за Мариово

0
By Marija Todorovska on March 15, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 15, 2024 11:30

 Денеска од 8 до 10 часот беше блокиран регионалниот пат Прилеп- Витолиште. Иницијативниот одбор за поттикнување на развојот на Мариово, сегашни и поранешни жители, го блокираа патот и протестираа барајќи и локалната, и централната власт да обезбедат основни услови за живот во големото Мариово и да не ја запоставуваат оваа значајна област во Македонија.

– Сакаме да го свртиме вниманието на властите. Со децении се запоставува оваа значајна област која зафаќа 1038 километри квадратни или е четири насто од територијата на државава. Го правиме ова за да им укажеме на надлежните институции, на Владата, на министерствата, на јавните претпријатија дека имаат законски обврски да го одржуваат патот, да го ја уредуваат здравствената заштита за жителите, да ја следат социјалата, да ги следат проблемите на земјоделците, на пчеларите, на сточарите. Законска обврска имаат и тоа е регулирано во посебните закони. Со децении се занемарува оваа значајна област која зафаќа четири насто од територијата на државава, сите три дела од Мариово кои припаѓаат на Битола, Прилеп и Кавадарци. Последниве децении е крајна негрижата, изјави Тренчо Димитриески од Иницијативниот одбор за поттикнување на развојот на Мариово.

И сегашните и поранешни жители на Мариово се револтирани.

-. Патот е за никаде. Треба да се одржува, нема струја со денови па и цела недела, нема ниту вода. Ваквата негрижа не се памети, вели Стојан Ристески од Витолиште.

-Живеам во Прилеп, но половината денови во неделата сум во Мариово.Имам пчели, имот, но како сега никогаш не било. А да не говориме дека има многу богатства, се експлоатираат. И оние жители што се таму немаат основни услови, рече Дано Даркоски од Витолиште.

Мариово е една од најраселените области во Европа. Иако некогаш имало и околу 16 000 жители, сега, во Пилепскиот дел се смета дека има 150-тина. Но грижата на сегашните и поранешни жители за Мариово не исчезнува.

блокада Мариово Прилеп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.