Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дворски игри или партиски маркетинг: Трајковски се повлече од трката за лидер на НСДП

0
By Соња Крамарска on June 4, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Организацискиот секретар на Нова социјалдемократска партија (НСДП), Кристијан Трајковски на денешниот Конгрес на кој партијата треба да избере наследник на Тито Петковски, не се самокандидираше како што најавуваше во претходните денови.

„На денешниот, петти конгрес на НСДП, видовме дека Горан Мисовски продолжи со своите намери да им го одземе правото на слободен избор на делегатите на НСДП спротивно на Статутот на НСДП, Правилникот за кандидирање и избор на Претседател на НСДП спречи демократски натпревар на идеи за иднината на нашата партија“, вели тој.

„Видовме како, спротивно на сите акти на НСДП, тие извршија насилнички и измамнички инженеринг на составот на делегатите, фалсификувајќи ги списоците и менувајќи ги имињата утврдени од Извршните Одбори на Општинските организации. На место на легитимно избраните делегати се ставени цели фамилии, брачни другари и слични групи лојални на Горан Мисовски“, тврди Трајковски.

Тој додава дека противничкиот табор се служел со сите можни притисоци, закани и празни ветувања за да ги добијат делегатите кои не можеа да ги наместат.

„На крај видовме како, извршителите на Горан Мисовски го киднапираа работното претседателство и органите на овој Конгрес и како по секоја цена се подготвени да му помогнат на човек кој нема поддршка од мнозинството, преку прекршување и злоупотреба на Статутот и процедурите, да ја киднапира нашата партија и да го уништи сето тоа што сите ние го градиме седумаесет години“, обвини Трајковски.

За жал, легитимитетот а и изборот на следниот Претседател на НСДП е целосно урнисан и Мисовски и неговите приврзаници ги уништија сите услови за слободно, фер и демократско изјаснување на делегатите во постапка согласно Статутот и актите на НСДП, се вели во реакцијата што Трајковски ја испрати до јавноста.

„Овој Конгрес е фалсификуван и секоја одлука која ќе биде донесена од овој состав на делегати е нелегитимна“, вели тој.

Сега единствен кандидат за претседател на НСДП останува собранискиот потпретседател Горан Мисовски.

Конгресот се одвива во тензична атмосфера на која и претходеа меѓусебни обвинувања на двете партиски струи. Другата струја зад која се тврди дека во сенка стои досегашниот партиски ветеран и екс лидер Тито Петковски, обвини дека Горан Мисовски не е легитимен кандидат, бидејќи е номиниран на централен одбор на кој била донесена одлука со кандидати да се почека до следен партиски состанок.

Горан Мисовски конгрес на НСДП кристијан трајковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.