Изразивме неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансискиот извештај и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики, се наведува во Ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за Агенцијата за вработување, чија цел е да се утврди дали финансискиот извештај е ослободен од материјално погрешни прикажувања и дали активностите, финансиските трансакции и информациите во него се во согласност со законскаат регулатива.

Во извештајот, во клучните утврдени состојби се посочени неусогласени податоци од евиденциите за постојани средства, залиха, паричен надоместок и активни мерки со сметководствената евиденција, преземени обврски без спроведени јавни набавки над дозволениот праг со Законот за јавни набавки, неусогласен клолективен договор на ниво со важечката регулатива и нецелосност и точност на остварениот приход.

–  Клучни препораки: усголасување на евиденциите, спроведување на постапки за јавни набавки согласно Законот за јавни набавки, усогласување на колективниот договор со законската регулатива при пресметка на плати и соработка со другите институции со цел целосно и точно остварување на приходите од придонеси за вработување, стои во извештајот.

За извештајот се добиени забелешки од кои две се делумно прифатени, две се прифатени со дополнително доставени докази и две не се прифатени бидејќи, како што наведоа од ДЗР, претставуваат информации кои ги имале предвид при вршење на ревизијата.

– Клучни системски слабости: Измена на законот за вработување и осигурување во случај на невработеност за доуредување на одредби за подготовката на надлежна институција и период на донесување на оперативниот план за активните програми и мерки за вработување, се истакнува во извештајот.