Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕБОР подготви нова стратегија за Македонија

0
By Нова ТВ on May 31, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 31, 2013 14:29

Европската банка за обнова и развој усвои нова стратегија за Македонија која ги поставува приоритетите на Банката за земјата. Таа има за цел поддршка на интеграцијата на Македонија во регионалните и глобалните пазари преку вложувањата на ЕБОР и други активности, особено интензивирана соработка со клучните партнери како што се Европската унија и Европската инвестициона банка.

Стратегијата го опфаќа периодот 2013-2016 година, а како приоритети ги дефинира привлекувањето странски инвестиции, локалниот економски развој, енергетска ефикасност и одржливост и регионалната интеграција.

Македонската економија, оценуваат, е помалку погоденa од глобалната економска и финансиска криза од многу земји во регионот. Сепак, влијанието на кризата во еврозоната беше почувствуван доста силно во 2012 година. Економскиот раст беше погоден од послабата побарувачка за извоз, особено од еврозоната, пониските странски директни инвестиции и домашната побарувачка. Сепак, Владата и Централната банка успешно ја одржуваа макроекономската стабилност во изминатите неколку години.

Фиксниот курс на домашната валута во однос на еврото се одржува, а девизните резерви остануваат на релативно добро ниво, што покрива четиримесечен увоз. Краткорочните економски изгледи на Македонија, како и на другите земји во регионот, се многу неизвесни со оглед на моменталната глобална состојба и изгледите за еврозоната.

Економскиот раст во 2013 година се очекува да биде околу 2 проценти. Во слeдните години растот би можел да достигне 3-4 проценти, што ќе зависи од подобрувањето на глобалните услови и спроведувањето на структурните реформи во земјата. Република Македонија има направено значителен напредок во транзицијата во изминатите две децении, но, сепак, се соочува со значителни предизвици, за чие надминување ЕБОР е подготвена да помогне.

Банката, според новата стратегија, ќе продолжи да помога за привлекување и поддршка на странски инвестиции. Таа, исто така, ќе им помога на локалните компании и ќе промовира нивно вклучување во активностите на локалните самоуправи со цел подобрување на квалитетот на услугите.

Во контекст на енергетскиот сектор, Банката ќе се фокусира на зајакнување на капацитетот на регулаторните тела и развој на обновливи извори на енергија преку проекти и политички дијалог. ЕБОР ќе помага и за натамошно промовирање на енергетската ефикасност во приватниот и јавниот сектор.

Во врска со регионалната интеграција, Банката тесно ќе соработува со властите, други меѓународни финансиски институции и инвеститори од приватниот сектор за да помогне за подобрување на транспортните мрежи, за олеснување и поголема прекугранична трговија и инвестиции. Поврзувањето со регионалниот енергетски пазар, исто така, е еден од приоритетите.

ЕБОР соработува со Македонија од 1993 година и досега има потпишано 80 проекти вредни 1,1 милијарда евра. Речиси 36 отсто од средствата се во инфраструктурниот сектор, 28 проценти во финансискиот, 20 во енергетскиот сектор, а 16 отсто во индустријата, трговијата и агробизнисот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.