Published: Wednesday, January 7, 2015 15:36
Познатиот карикатурист Стефан Шарбоние наречен Шарб објави пред неколку дена карикатура во Шарли Хебдо која како да го предвидува нападот.
На карикатурата се гледа еден исламист кој вели „Се уште нема терористички напад во Франција? Чекајте! Имаме време до крајот на јануари да ви испратиме честитки.„
Шарб загина во денешниот напад на редакцијата на Шарли Хебдо во Париз. Карикатуристот добиваше закани дека ќе биде убиен.




