Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еден осомничен за насилство врз жена и нејзината малолетна ќерка во гевгелиско

0
By Ана Василевска on January 25, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кавадарци за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО.

Како што информираат од ОЈО, откако насилникот претходно повеќе пати ѝ пишувал пораки преку апликацијата „Вибер“ во кои ѝ се заканувал дека ќе ја повреди и ќе ја убие оштетената со која порано бил во љубовна врска затоа што му кажала дека веќе не сака контакт со него, на 16 јануари, осомничениот дошол од Кавадарци каде што живее, со неговото возило и го паркирал на улицата пред семејната куќа на оштетената во селото Мрзенци.

Кога дошол пред влезната врата, ѝ се јавил да му ја отклучи вратата, па откако оштетената одбила, осомничениот со нога ја скршил вратата и влегол внатре.

Веднаш се качил на горниот кат каде што во спалната соба оштетената спиела со нејзината 6-годишна ќерка и ја удрил со бокс во пределот на лицето.  Во тој момент се разбудило и девојчето и почнало да плаче, па оштетената ја дигнала во рацете. Осомничениот замавнал кон нив и го удрил девојчето во пределот на лицето. На оштетената ѝ го одзел мобилниот телефон и го скршил за да не може да побара помош.

Потоа повторно почнал да ја удира со боксови и клоци, да ја дави во пределот на вратот, додека за цело време нејзината малолетна ќерка плачела вознемирено, молејќи го осомничениот да си оди и да не ја тепа мајка ѝ.

Навредувајќи ја, тој ја фатил за коса оштетената и со влечење ја симнал во дневната соба. За да го натера да ја пушти мајката, девојчето започнало да фрла кон осомничениот со портокали, по што тој започнал да ја тресе ќерката, ја дигнал и силно ја фрлил на седечката гарнитура.

Потоа се качил на горниот кат, каде ги кршел и расфрлил сите предмети. Тој момент го искористила оштетената која целата во крв, боса, ја зела нејзината ќерка и успеала да излезе од куќата, да влезе во возилото и да побегне во домот на нејзините родители.

Од насилството оштетената се здобила со тешка телесна повреда – скршеница на нос, како и повеќе посекотини, контузии и хематоми по целото тело, а со телесни повреди – гребнатинки, модрици и хематоми се здобила и нејзината малолетна ќерка. Со дејствијата осомничениот кај двете предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв кое резултирало со бројни психички трауми особено кај 6-годишното девојче.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека тој ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело.

Судијата го прифати предлогот и донесе Решение со кое на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Гевгелија ОЈО семејно насилство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.