Published: Sunday, December 29, 2024 14:58
Еден турист загина, а друг е повреден во напад на ајкула во египетското одморалиште Марса Алам, соопшти денеска египетското Министерство за заштита на животната средина.
Идентитетот на нападнатите туристи се уште не е објавен.
Марса Алам се смета за едно од поновите одморалишта во Египет, а се наоѓа на западниот брег на Црвеното Море.




