Published: Friday, August 18, 2017 19:53
Еден човек е убиен, а уште еден повреден во напад со нож во германскиот град Вупертал, според полицијата – пренесува „RT“.
Во моментов има потрага по напаѓачот, а полициските специјални единици се на местото на настанот.
Нападот наводно се случил во фризерски салон. За убиениот се смета дека е маж на возраст од 31 година, а другото лице кое е повредено најверојатно е на возраст од 25 години.
Овој инцидент се случи два часа по сличниот настан, кога човек со нож изврши напад во финскиот град Турку.




