Обраќањето на Ѓорге Иванов и одбивањето да го даде мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев го натера албанскиот премиер да го каже својот став. Еди Рама на Твитер напиша:
„Господине Иванов, албанскиот јазик не им припаѓа на вашите непријатели, туку на уставотворен народ во земјата, без Албанците нема Македонија“, порача вечерва Рама на својот Твитер профил.
Иванов одби да му го даде мандатот за состав на нова влада на Заев велејќи за него дека е „човек што преговара за туѓи платформи“, алудирајќи на платформата на албанските партии во Македонија која беше донесена по средба на челниците на ДУИ, БЕСА и Алијанса за Албанците, со Рама и со косовскиот претседател Хашим Тачи.