Единаесет новороденчиња загинале во пожар што зафатил неонатално одделение на регионална болница во сенегалскиот град Тивауане, околу 120 километри источно од главниот град Дакар.

„Болка и шок по веста за смртта на 11 новородени бебиња во пожарот што избувна во болницата Мама Абду Азиз Си Дабак во Тивауане“, напиша сенегалскиот претседател Меки Сал во пораката објавена преку Твитер, кој инаку е во државна посета на Ангола.

Локалните медиуми пишуваат дека пожарот избивнал во неодамна отворената болница „Мама Абду Азиз Си Дабах“.

Сенегалскиот министер за здравство Абдулаје Диуф Сар за приватната телевизија „ТФМ“ изјави дека првичните информации од истрагата укажуваат дека причина за трагедиајта е краток спој во електричната инсталација на објектот.