Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Единаесет романи во вториот круг за „Роман на годината“ за 2017 година

0
By Нова ТВ on February 16, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 16, 2018 09:47

Единаесет романи влегоа во вториот круг за избор на етаблираната награда „Роман на годината“ за 2017 година која под згаснувањето на „Утрински весник“ продолжува да ја доделува новоформираната Фондација за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“ од Скопје.

Селекцијата на пристигнатите 27 дела во официјална конкуренција годинава до 15 март кога и ќе биде соопштено името на наградениот роман, ќе ја врши жири комисијата во состав: Давор Стојановски, писател и минатогодишен лауреат, Ристо Лазаров писател, Иван Додовски, писател и професор на Универзитетот Американ колеџ од Скопје, Анета Дучевска, професор и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“ и Катерина Богоева, новинар и член на Фондацијата „Славко Јаневски“.

На одржаниот состанок на 15 февруари, жири комисијата меѓу другото констатираше дека во центарот на пристигнатите романи на одржаниот конкурс, генерално е политиката, неодамнешните  политички  случувања во Македонија, но и во други земји. Со задоволство беше потенцирано дека I во дел од овие романи, напишани на македонски  јазик провејува зрелоста на младите автори, како и дека во нив се среќаваат нови и многу добри јазични решенија и вокабулар.

Романи од вториот круг за „Роман на годината“ за 2017 година:  

„Круг“- Димитар Башевски, Слово“

„Манастир Фуентерабија“ – Јагода Михајловска Георгиева, „Три“

„Се гледаме наскоро E.“ – Драгана Евтимова, Владимир Лукаш, „Антолог“

„Љубовникот на Ленин“- Блаже Миневски, „Матица македонска“

„Пешаци по црни полиња“- Оливера Николова, „Матица македонска“

„Одбројување“ – Фросина Пармаковска, „Или – или“

„Земјотрес 05:17“ – Владимир Плавевски, „Македоника литература“

„Апокалипса.мк“ – Бранко Прља, „Готен“

„Диссомнии“ – Игор Станојоски, „Антолог“

„Граница“ – Луан Старова, „Три“

„Годините кога научив да летам“, Евгениј Хоуп, „Матица македонска“

Роман на годината 2017 Фондација Славко Јаневски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.