НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Единствениот „аргумент“ на Русија е теророт: Ноќниот ракетен терор убива цивили низ цела Украина

0
By Zoran Ivanov on June 7, 2025 ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТЕМА, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Разликата помеѓу Украина и Русија е во тоа што Украина погодува легитимни воени цели – на пример, авиони опремени да ги бомбардираат нашите деца. Русија напаѓа станбени области, цивили и критично важни објекти на инфраструктурата“, изјави Сибига.

Џабир Дерала

Русија не ги менува своите ознаки – уште еден масовен удар врз градовите и обичниот живот. Тие беа насочени кон речиси цела Украина – Волинскиот, Лвивскиот, Тернопилскиот, Кијивскиот, Сумискиот, Полтавскиот, Хмелницкиот, Черкашкиот и Чернихивскиот регион. Некои од ракетите и беспилотните летала беа соборени. Им благодарам на нашите воини за нивната одбрана. Но, за жал, не беа пресретнати сите, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

„Вкупно, во денешниот напад беа употребени над 400 беспилотни летала и повеќе од 40 ракети – вклучувајќи балистички ракети. 49 лица беа ранети. За жал, бројот може да се зголеми – луѓето бараат помош. Досега се потврдени три смртни случаи – сите беа вработени во Државната служба за вонредни ситуации на Украина. Искрено сочувство до нивните семејства. Сите потребни служби сега се на терен, ги расчистуваат урнатините и спроведуваат спасувачки операции. Сите штети дефинитивно ќе бидат санирани“, изјави Зеленски.

„Русија мора да биде одговорна за ова. Од првата минута од оваа војна, тие напаѓаат градови и села за да уништат животи. Направивме многу заедно со светот за да ѝ овозможиме на Украина да се одбрани. Но, сега е токму моментот кога Америка, Европа и сите низ целиот свет можат заедно да ја запрат оваа војна со притисок врз Русија. Ако некој не врши притисок и ѝ дава на војната повеќе време да одземе животи – тоа е соучество и одговорност. Мораме да дејствуваме решително“, категоричен е украинскиот претседател.

Зеленски, во своето редовно видео обраќање, зборуваше за поддршката од меѓународната заедница.

„Гледаме колку многу луѓе од целиот свет се со нас без разлика на сè. Деновиве, нашиот тим има состаноци во Вашингтон. Благодарност до сите што присуствуваа на брифинзите од украинската делегација. Имаше состаноци – во Конгресот, со претставници на американската администрација, новинари и претставници на невладини организации“, рече Зеленски, меѓу другото.

„Ноќе, Русија ‘одговори’ на уништените авиони со напад врз цивили во Украина“, изјави министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига.

Кијив, Луцк, Лвив, Тернопил, Чернигив, Кременчук и други градови беа погодени од масивен ракетен напад врз цивилни цели во Украина во текот на ноќта и раните утрински часови на 6 јуни. Според извештаите и изјавата на украинскиот министер Сибига, погодени се повеќекатни згради. Енергетската инфраструктура е оштетена. Има убиени и повредени низ целата земја.

„Разликата помеѓу Украина и Русија е во тоа што Украина погодува легитимни воени цели – на пример, авиони опремени да ги бомбардираат нашите деца. Русија напаѓа станбени области, цивили и критично важни објекти на инфраструктурата“, изјави Сибига.

Тој ја посочи суштинската разлика, истакнувајќи дека Русија е агресор, а Украина се брани.

„Да се ​​вели дека Украина и Русија се во конфликт е неприфатливо. Русија е агресор, а Украина се брани. Ударите на Украина се самоодбрана, додека ударите на Русија се акти на агресија и терор“, категоричен е украинскиот шеф на дипломатијата.

Тој повика да се зајакне меѓународниот притисок врз Москва.

„Ноќниот напад на Русија врз цивили уште еднаш покажува дека меѓународниот притисок врз Москва мора да се зајакне што е можно поскоро“, повикува Сибига.

Украинскиот шеф на дипломатијата уште еднаш нагласи дека одговорот на рускиот терор треба да се бидат силни санкции и нови решенија за јакнење на одбранбената способност на Украина.

„Единствениот аргумент на Русија е теророт. Нашиот одговор мора да бидат силни санкции што можат да ја зголемат цената на војната за агресорот и нови решенија што ќе ја зајакнат одбранбената способност на Украина“, заклучува министерот Сибига во својата изјава.

Во својата редовна објава на социјалните мрежи, украинската амбасадорка Лариса Дир истакна дека „меѓу загинатите се и спасувачи кои им пружале помош на луѓето“ и нагласи дека санкциите и притисокот врз агресорот мора да се зголемат.

„Ден 1199. Во текот на ноќта на 6 јуни, рф изврши комбиниран ракетен напад врз Кијив. Меѓу загинатите се и спасувачи кои им пружале помош на луѓето. рф уништува човечки животи и станбени згради. Санкциите и притисокот врз рф мора да се зголемат за да се стави крај на теророт“, напиша амбасадорката Дир на Х.

На 6 јуни 2025 година, Русија започна голем ноќен напад со ракети и беспилотни летала низ Украина, што резултираше со значителни жртви и штети, особено во Кијив, според изворите на ЦИВИЛ МЕДИА.

Според првичните извештаи од украинските власти, во главниот град Кијив, најмалку четири лица беа убиени, а над 20 повредени, вклучувајќи и лица за итни интервенции. Избувнаа голем број пожари во повеќе делови од градот, при што станбените згради и инфраструктурата претрпеа голема штета. Над 2.000 домаќинства останаа без струја поради нападите.

Системите за воздушна одбрана пресретнаа голем број од проектилите на агресорот, но не сите. Исто така, остатоците од соборените беспилотни летала предизвикаа дополнително уништување.

Освен Кијив, нападнати беа и Луцк, Лвив, Тернопил, Чернигив, Кременчук, Хмелницки и други градови ширум Украина.

Со овој напад врз цивилни цели, рускиот агресор се обидува да се одмазди за неодамнешниот спектакуларен успех на операцијата „Пајажина“ што ја спроведе одбраната на Украина. На 1 јуни, Украинската безбедносна служба (СБУ) изврши тајна операција со беспилотни летала насочена кон пет руски воздухопловни бази длабоко на руска територија, при што, според извештаите, беа уништени или оштетени над 40 воени авиони, вклучувајќи стратешки бомбардери.

Оваа операција означи еден од најзначајните удари врз руските воени воздухопловни капацитети од почетокот на војната. Според американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин предупредил на одмазда, за време на нивниот 75-минутен телефонски разговор на 4 јуни. Значи, не Путин, туку Трамп ги соопшти плановите на рускиот диктатор за одмазда против Украина.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

Дерала преглед руски напади Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.