Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Една четвртина од Французите не се чувствуваат способни да работат до пензионирање

0
By Соња Крамарска on March 10, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Една четвртина од испитаниците Французи изјавиле дека не се чувствуваат способни да работат до пензионирање, покажува истражувањето објавено во време на дебата за зголемување на старосната граница за пензионирање во Франција од 62 на 64 години.

Една четвртина од Французите се речиси девет милиони граѓани, или 37 отсто од вработените, според студијата спроведена меѓу 40.000 луѓе.

Чувството дека „работењето е неодржливо“ е многу посилно кај оние помлади од 30 години (59 проценти) отколку кај оние над 50 години (18 проценти), кои често се откажуваат од потешки работни места додека се приближуваат до пензионирањето. Ова чувство е многу изразено кај жените со мали деца (57 проценти).

Најголемо чувство дека не можат да работат искажале физичките работници, потоа вработените во контакт со јавноста (во банки, ресторани, хотели) како и медицинскиот персонал. Дури 66 отсто од касиерите изјавиле дека нема да издржат до пензионирање.

58 проценти од вработените кои се изложени на психосоцијални напори (интензивна работа, емоционални барања, социо-економска несигурност) и 46 проценти од оние кои се изложени на физички тешкотии (бучава, топлина, влажност, работа во стоечка положба, носење тежок товар) се чувствуваат крајно заморени од работа.

Овие вработени имаат понестабилни кариери од другите и се пензионираат порано или имаат паузи во кариерата, особено од здравствени причини.

Горниот дом на Парламентот, Сенатот, во кој мнозинството го сочинува десничарската опозиција, во четвртокот ја одобри смената од 62 на 64 години за пензионирање, што е клучна одредба од најавената реформа на пензискиот систем која претседателот Емануел Макрон сака да го спроведе и покрај насилните протести и јавен притисок.

Емануел Макрон реформа на пензискиот систем Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.