Министерката Мила Царовска на социјалните мрежи објави видео за тоа како изгледа животот во малиот групен дом во Тимјаник, една година откако тој згрижи неколку дечиња кои претходно беа сместени во Заводот во Демир Капија. Повеќе од една година децата од Специјалниот завод Демир Капија се преселени тука. Локалното население целосно ги прифати новите жители и заедно живеат во хармонија.
На 20 јули домот ги отвори вратите за четири дечиња и со тоа официјално започна со работа. На ова претходеа протести на локалните жители кои се спротивставија на изградбата на ваков центар како спас од нехуманите услови во Заводот во Демир Капија и чекот напред кон изградбата на похумано општество.
-Никогаш не се сомневав во хуманоста на нашите граѓани и верував дека првата несакана епизода е само недоразбирање. Мило ми е што овој пат имавме многу конструктивна дискусија и жителите дадоа поддршка на она што го правиме. Јас верувам дека Тимјаник ќе биде симбол на хуманоста на нашето општество, а жителите ќе се гордеат со тоа, изјави тогаш Царовска.





