Published: Thursday, August 4, 2016 09:45
Една жена била убиена, а петмина други ранети во напад со нож во Расел сквер, во центарот на Лондон. Едно 19 годишно лице е уапсено веднаш по полноќ на плоштадот Расел каде што потоа биле разместени големи полициски сили.
Полицијата соопшти дека првичните индикации сугерираат оти значаен фактор за нападот било ментално нарушеното здравје на напаѓачот.
Претходно полицијата оцени дека нападот би можело да биде поврзан со тероризам.




