Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Една жртва од циклонот „Бранко“

0
By Нова ТВ on August 6, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Една жртва и голема материјална штета е епилогот од циклонот „Бранко“ кој синоќа ги зафати Србија и Босна и Херцеговина. Жена се удавила во надојдените води во бањата Ковиљача.

Обилните дождови, проследени со силни ветрови и грмотевици го парализираа сообраќајот, оставија без струја неколку градови во централна и јужна Србија, а во повеќе делови се забележани свлечишта, а најпогодена е Лозница, каде е прогласена вонредна состојба.

Поради излевање на реката Штира, евакуирани се болните и вработените од здравствениот дом, каде водата достигнала над еден метар. И денеска е вклучен црвениот метео-аларм.

Циклонот „Бранко“ го погоди и кантонот Тузла во Босна и Херцеговина. Најкритично е во источните и северните делови од државата каде е прогласена портокалова фаза на опасност. Мостар без струја останал час и половина, а поради одрони на патиштата во прекин е сообраќајот на неколку патни правци.

Дождовите и силното невреме ќе се задржи и денеска, а властите предупредуваат дека е можна уште поголема катастрофа од онаа во мај. И по повеќе од два месеци од оваа катастрофа, проблемите на луѓето погодени со поплавите се уште не е решен.

Неколку десетици луѓе ноќта ја поминале во шатори пред општината Жепче, која беше една од најпогодените во мајските поплави, со барање куќите да им се обноват до почетокот на зимата.

– Јас сум болна жена а ја минав ноќта тука, и до сега никој не ни се обратил. Ова е срамота, изјави жител на општина Жепче.

Протестираат и жителите на Обреновац кои се незадоволни од распределбата на финансиската помош за санирање на штетите.

– Категоризацијата е основен проблем. Сите се фотографираа со Обреновац како најпогодено подрачје, а сега ни даваат помош од трета категорија, изјави жител на Обреновац.

Метеоролозите предвидуваат дека регионот ќе биде под влијание на овој циклон уште неколку дена.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.