Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил ноќеска околу три часот на улицата Менделеева на Бит Пазар, јавува Телма телевизија.
Две лица вооружени со пиштол и автоматска пушка влегле во станот на двајца браќа. Браќата ги забележале насилниците на влезната врата и веднаш им се спротивставиле.
Настанала тепачка во која од еден испукан куршум од автоматска пушка загинал 22-годишниот Абдулах Гафури.
Полицијата преку парафински тестови и други анализи најави дека ќе го расчисти случајот.