Најмалку едно лице загина, а 19 се сместени во болница заради вдишување на дим при пожар, кој избувна во старечки дом во Букурешт.
Директорот на Службата за вонредни состојби Раед Арафат вели дека пожарот избувнал рано утринава.
Портпаролката на болницата, Флорин Бика изјави дека еден пожарникар бил хоспитализиран поради повреди на главата.
Пожарот се проширил од домот кон една соседна куќа и сервис за автомобили.