Published: Friday, November 26, 2021 10:04
Директорот на Детската клиника за белодробни заболувања во Козле, Бесник Зеќири, во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ порача дека најмлади пациенти со коронавирус се едномесечни близнаци.
– Во моментов имаме 22 деца хоспитализирани во нашата установа. Поголемиот дел се лекуваат амбулантски. Најмладите пациенти заболени од коронавирус се близначиња од по месец дена. Повозрасните се 16-17 години. Младите доаѓаат навреме на лекување, тоа значи дека родителите се грижат за нивното здравје, порача Зеќири.




