Published: Monday, November 16, 2015 10:46
Денеска попладне во Франција на последниот ден од тридневната жалост со минута молчење ќе им биде одадена почит на жртвите на терористичките напади во Париз.
Претседателот на Франција Франсоа Оланд, по нападите во кои загинаа околу 130 луѓе а над 350 беа ранети прогласи вонредна состојба во земјата со зголемени безбедносни мерки, како и контрола на границите, а распоредени се илјадници дополнителни војници и полицајци.
Контролата е зајакната и во Лондон, и на границата помеѓу Германија и Франција како и во други главни градови во Европската унија.
Велика Британија вчера соопшти дека околу 2.000 луѓе се во сомнителната листа на безбедносните служби, а околу 720 од нив се поврзуваат со џихадизам.




