Едвард Сноуден објави емотивен апел упатен до претседателот на САД во заминување, Барак Обама да ја помилува затворената американска „свиркачка“ Челси Менинг.
Апелот е особено важен затоа што Сноуден не бара помилување за себе, туку за Менинг.
„Господине Претседател, доколку имате само едно помилување при вашиот излез од Белата куќа, ве молам: ослободете ја Челси Менинг. Само вие може да го спасите нејзиниот живот“, твиташе Сноуден.
Во вторникот, NBC News, објави дека Обама ја ставил Челси Менинг на неговата листа за евентуално помилување.
Менинг отслужува 35 годишна затворска казна од 2010-та година затоа што протече класифициран воен и дипломатски материјал, кој потоа го предаде на Викиликс.
Таа се обиде да се самоубие два пати во 2016-та година во штрајк со глад, во обид војската да и даде услови да направи операција за да го промени својот пол.
„Сега имам најмногу надеж откако е осудена, ова е и последната надеж“, изјави нејзината тетка, Дебра Менинг.
Менинг, тогаш познат како Бредли Менинг е воениот аналитичар кој ја предаде најголемата количина на класифицирани документи во историјата на САД, која потоа беше објавена од Викиликс и нивните медиумски партнери. Материјалот вклучуваше видеа од воздушните напади на Багдад во 2007-ма и Авганистан во 2009-тата, 250 илјади американски дипломатски депеши и 500 илјади воени извештаи за ирачката и авганистанската војна. Менинг беше осуден за шпионажа и други кривични дела на 35 години затвор.
Минатиот месец, повеќе од 100 илјади луѓе потпишаа петиција со која се бара Обама да ја помилува Менинг. Одлуката треба да се донесе најрано до следната среда.
Во ноември, Обама изјави за Шпигел дека нема да го помилува Сноуден, и покрај многуте повици и притисоци за истото од страна на повеќе организации за човекови права.




