Египетската Влада денеска ќе разгледува закон со кој се предлага воведување вонредна ситуација во траење од три месеци, објавува весникот Ел Јуме ел Сабе, повикувајќи се на извори во Владата во Каиро.
Оваа можност ја најави и египетскиот претседател Абдел Фатех ал по вчерашните напади врз две христијански цркви во таа земја во кои загинаа најмалку 45 луѓе, за што одговорноста ја презеде Исламската држава.
Тој ја најави мерката која треба да биде поддржана од парламентот по состанокот на советот за национална безбедност. Тој ги обвини другите земји дека сакаат да предизвикаат нестабилност во Египет, но избегна да каже за кои земји станува збор.