Египетскиот суд донесе одлука да се обрати до врховниот муфтија за одобрување на смртната казна во случаите во кои беа обвинети за шпионажа и овозможување бегство од затвор на екс-претседателот Мохамед Морси и уште 35 членови на неговото Муслиманско братство.
Одлуката, според египетските обичаи во судските процеси, означува дека судот ги прогласил Морси и неговите приврзаници за виновни и оти за нивните дела заслужуваат смртна казна.
Според египетскиот закон, сите смртни казни треба да бидат разгледани од Големиот муфтија на Египет. Правосилноста на пресудата се очекува да биде донесен до 2-ри јуни.
Египетското обвинителство во ноември 2014 година побара смртна казна за отстранетиот претседател Мохамед Морси и останатите водачи на Муслиманското братство во судскиот процес за шпионажа.
На Морси веќе му се заканува смртна пресуда во процесот за поттикнувања на насилства и убиства на припадници на безбедносните сили, а неговото движење Муслиманско братство чии 1.400 приврзаници загинаа во судирите со полицијата, беше прогласено за терористичка организација и забрането.
Поранешниот египетски претседател Морси, кој на власт дојде со бунтот во ткн Арапска пролет во февруари 2011 година кога беше соборен деценискиот авторитарен претседател Хосни Мубарак, беше обвинет дека за сума од милион американски долари на катарските разузнавачки служби и на катарската телевизија Al Jazeera им предал доверливи документи кои се однесуваат на националната безбедност на Египет.
Египетскиот суд го забрани движењето Муслиманско братство означувајќи го како терористичка организација, меѓутоа таа пресуда не го третираше политичкото крило, што остави простор партијата да се кандидира на парламентарни избори кои ќе се одржат подоцна годинава. Со споменатата судска одлука Партијата на слободата и правдата (FJP), а неговиот имот ѝ припаѓа на државата. Пресудата е конечна и на неа нема да може да се поднесе жалба.




