Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК бара финансиски санкции за Бугарија поради неусогласеност со Директивата на ЕУ за правата на жртвите на насилство

0
By Ана Василевска on November 16, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија денеска одлучи да ја даде Бугарија на Судот за правдата на Европската Унија поради неусогласување на националното законодавство со Директивата на ЕУ за правата на жртвите, со барање на земјата да и бидат изречени финансиски санкции.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, согласно одредбите од Директивата за правата на жртвите, земјите членки на ЕУ требаше да ги усогласат своите национални законодавства со неа најдоцна до 16 ноември 2015 година.

Во јануари 2016 година, Еврокомисијата испрати писмо со формално известување до Бугарија дека не се усогласила со Директивата. По бројните размени на дописи со бугарските власти и земајќи ги предвид најновите одговори од Софија, ЕК одлучи да ја даде земјата на Судот на правдата, бидејќи две одредби од Директивата за правата на жртвите се уште не се вклучени во бугарското законодавство.

Комисијата нагласува дека ќе бара Судот да и изрече финансиски санкции за Бугарија, поради неусогласеност со законодавна директива на ЕУ.

Директивата за правата на жртвите е инструмент на ниво на ЕУ што се однесува на сите жртви на насилство. Од нејзиното стапување во сила во 2015 година, според оценките на ЕК, Директивата имаше позитивно влијание врз правата на жртвите за пристап до информации и го подобри нивниот пристапот до услугите за поддршка.

Целта на Директивата е да им обезбеди сите жртви на насилство да добијат соодветни информации, поддршка и заштита и да можат да учествуваат во кривичната постапка. Според Директивата, жртвите „треба да бидат препознаени и третирани со почит и на соодветен, приспособен, професионален и недискриминаторски начин од сите актери кои доаѓаат во контакт со нив“.

Посебно внимание треба да им се посвети на жртвите со специфични потреби, со цел да се заштитат од секундарна виктимизација, одмазда и заплашување. На овие жртви, исто така, им се гарантира пристап до специјализирани услуги за поддршка и до посебни мерки за заштита.

Во 2019 година, Комисијата покрена 25 постапки против земјите членки на ЕУ поради нецелосна усогласеност со Директивата за правата на жртвите. До ноември 2023 година, сите останати постапки се затворени, освен таа за Бугарија.

Бугарија ЕК санкции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.