Земјите аспиранти за ЕУ пред да станат дел од клубот, ќе мораат да докажат конкретен напредок во инклузијата на Ромите – изјави денеска во Брисел евро-комесарот Јоханес Хан на промоцијата на иницијативата „Интеграцијата на Ромите 2020“.
Иницијативата е покрената од Европската комисија, Советот за регионална соработка (RCC, интервладино тело на Процесот за соработка во Југоисточна Европа- SEECP) и Фондацијата Отворено општество.
„Пред да пристапат, земјите ќе мораат да покажат остварување на конкретен напредок во областите на образованието, вработувањето, здравството, домувањето и личните документи на Ромите“ – изјави Хан. „Со Декадата на инклузија на Ромите, интеграцијата на Ромите е ставена во политичката агенда: проектот ‘Интеграција наРомите 2020’, претставува потврда на Декадата во земјите од проширувањето, каде што се настојува да се постигнат одржливи резултати на терен“, додаде еврокомесарот.
„Ромите мораат да останат приоритет за ЕУ и надвор од нејзе“ – изјави претседателот на Фондацијата Отворено општество Џорџ Сорос, додавајќи дека неговата фондација сторила многу за инклузија на Ромите и била клучна за ставањето на агендата за Ромите на дневен ред на националните влади.
Генералниот секретар на РСС Горан Свилановиќ изјави дека станува збор за тешки времиња за сите и во Југоисточна Европа, и дека тие тие тешки времиња и сиромаштија, најмногу се одразуваат на Ромите.
„Овој регион мора да оди кон ЕУ со сите свои луѓе и Ромите не смеат повторно да бидат изоставени. Проектот Интеграција на Ромите 2020 води кон инклузија“, изјави Свилановиќ, додавајќи дека „ќе се стори се од страна на РСС да се намали јазот меѓу ромскатата и неромската популација во земјите од Западен Балкан и Турција“.
Проектот „Интеграција на Ромите 2020“ се реализира во земјите Република Македонија, другите земји од Западен Балкан и Турциј. Таа се темели на продолжување на постигнатото со проектот Декада на Ромите 2005-2015 г. Денешната промоција на Иницијативата, како што соопшти RCC, беше проследена со состанок меѓу именуваните претставници за ова прашање од страна на националните влади, претставници на ромската популација и претставници на Европската комисија.




