Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК предложи нов пакет санкции против Русија

0
By Sashko on September 28, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 28, 2022 16:40

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, попладнево го презентираше новиот пакет санкции по нелегалните референдуми во Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Како што изјави фон дер Лајен, новите санкции предвидуваат нови забрани за увоз на дополнителни производи од Русија во ЕУ, но и нов список на производи што не смеат да се извезуваат од ЕУ во Русија.

Овде спаѓаат, пред сѐ, производи кои можат да ѝ послужат на руската армија да се модернизира и развива: електронски компоненти, производи од областа на авијацијата, технологијата и хемиски супстанци.

Се предлагаат и забрани за европски услуги во Русија и забрана за членување во одбори на државни тела на Русија за ЕУ граѓани.

Во новите санкции влегува и законската основа врз која ЕУ и партнерите од Г7 планираат да го намалат извозот на руска нафта во трети земји. Оваа одлука ја донесоа земјите на Г7 на почетокот на септември. Европската Унија целосно ќе ја забрани руската нафта од декември годинава, но стравува дека Москва ќе може да извезува во трети земји каде нема санкции. За таа цел ЕУ сака да воведе ограничување на цената на нафтата, преку комплексен механизам кој ги таргетира осигурителните компании на пример. ЕУ вели дека на овој начин ќе се намалат приходите на Кремљ за војната во Украина.

Конечно новиот пакет санкции вклучува нови лица и ентитети, вкупниот број луѓе и ентитети под ЕУ санкции сега изнесува 1300. Таргетирани се пропагандисти, воени офицери, олигарси, но и лица кои ја поддржуваат или имаат материјална корист од инвазијата врз Украина, како и оние кои шират дезинформации.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.