Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК се залага за минимална плата но не може да ја наметне

0
By Светлана Јовановска on January 28, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 28, 2014 16:16

Eвропската комисија (ЕК) одамна се залага за минимална плата во сите земји членки но таа желба земјите членки не ја реализираат. Во еден документ ЕК вели дека минималната плата може да го намали бројот на сиромашните и да биде гаранција за квалитетни работни места.

Но, ЕК признава исто така дека различните економски ситуации во земјите членки ја спречуваат да наметне минимална плата. Наместо тоа таа препорачува да се генерализираат ваквите примања.

Денес од 28 земји членки на ЕУ, 21 има воведено минимална плата: Белгија, Бугарија, Хрватска, Естонија, Шпанија, Франција, Грција, Унгарија, Ирска, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Чешка, Романија, Велика Британија, Словенија и Словачка. Од неодамна и Германија се одлучи за минимална плата која треба да биде воведена на 1 јануари 2015 година и да изнесува 8,50 евра на час.

Овие примања се, се разбира, различни од една до друга земја. Според Евростат, Романците и Бугарите се на последно место и земаат минимум од 157 евра. Според статистиките оваа плата е помала од таа најниската легална плата во Кина. Во Луксембург таа плата изнесува 1.874 евра. Останатите се ситуираат помеѓу овие две земји со тоа што во побогатите земји таа изнесува речиси 1.500 евра.

Во другите земји како Италија, Данска, Австрија или Шведска платите се фиксирани по договор помеѓу работодавачите и социјалните партнери.

Евростат исто така пресметал колкава куповна моќ дозволува оваа плата. И тука на последно место се Романија и Бугарија што е пет пати помалку од онаа на Луксембург.

Според Евростат “нивото на минималната плата е помеѓу 30 и 50 отсто од средната бруто плата во индустријата, градежништвото и услужните дејности”, вели Евростат. Во Грција легалниот минимум претставува 50,2 отсто од средната плата и со тоа е највисок во цела ЕУ. Најнискиот процент е во Чешка со 32 отсто.

Според економските анализи оваа минимална плата е не е насекаде пречена со воодушевување. Дел од економистите ја сметаат за добар алат за борба против соримаштијата и намалување на нееднаквоста, додека други мислат таа плата има негативно влијание врз вработувањата, особено кога оваа минимална плата е висока и претставува проблем за работодавачите. Францускиот весник “Монд” анализира дека дека “адекватното ниво на минималната плата економистите ја ситуираат околу 50 отсто од средната плата”.

ЕК предложи воведување на минимална плата на европско ниво во 2012 година и покажува дека овој инструмент може да и помогне на економијата и да ги намали нееднаквостите помеѓу работниците. Оваа плата може исто така да биде корисна и за фирмите бидејќи ја зголемува куповната моќ на вработените кои потоа повеќе консумираат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.