Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Екатимерини“: Нимиц оптимист, но пречките демнат

0
By Нова ТВ on December 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Договорот за решавање на  спорoт за името меѓу Атина и Скопје би можел да се случи до средината на наредната година. Самитите на ЕУ во јуни и на НАТО во почетокот на јули се неформалната рамка за надминување на долгогодишниот ќор-сокак, објавува денеска „Екатимерини“ во текстот „Нимиц оптимист, но пречките демнат“, пренесува МИА.

Во Обединетите нации, со оптимизам се гледа на обновените разговори меѓу двете земји. И самиот Нимиц охрабрен од последните случувања во процесот изрази оптимизам дека проблемот конечно може да се реши. Сепак, се очекува тој да работи внимателно. Нимиц во оваа фаза нема да предложи конкретен предлог. Кога ќе реши да го направи тоа, најверојатно ќе предложи сложено име со географска одредница. Неговиот последен предлог „Република Северна Македонија“ е се уште на маса, а тука се и претходните предлози „Република Горна Македонија“ и „Република Вардарска Македонија“, наведува „Екатимерини“.

Најголем проблем може да биде употребата на новото име. Атина инсистира на име за севкупна употреба. Скопје, пак, сака договореното име да се користи само во билатералните односи. Сепак, како што се нагласува, меѓународните фактори сфаќаат дека сложеното име што треба да биде договорено ќе се користи за меѓународна употреба. Вашингтон и другите клучни меѓународни фактори кажаа дека ќе прифатат какво било име што ќе го договорат двете страни.

Во оваа фаза Нимиц, според „Екатимерини, работи на отстранување на т.н. црвени линии. Симболичните гестови како што се промена на името на Скопскиот аеродром се очекува да придонесат за подобрување на климата во разговорите. Нимиц, посочува „Екатимерини“ е охрабрен и од реализмот и решеноста на новиот македонски премиер Зоран Заев кој рече дека е подготвен за храбри политички одлуки кои на земјата ќе и ги отворат вратите за членство во НАТО и ЕУ, дури и ако тоа значи пораз на следните избори.

Нимиц, се нагласува во текстот, има поддршка и помош и од САД и ЕУ. Се очекува тој да го забрза процесот преку организирање средби на министерско, како и на премиерско ниво.

Имајќи предвид дека спорот за името е деликатно и за двете земји, медијаторот големо значење дава и на реакциите на јавноста. Поради тоа, вниманието не е насочено само кон владите, туку и кон опозициите. Нимиц е свесен за политичката реалност во двете земји. Што се однесува до Грција постои загриженост за ставот на помалиот коалициски партнер десничарската партија Независни Грци. Постои загриженост и за можната реакција на опозициската Нова демократија кои засега јасно не кажуваат дали ќе дадат поддршка за евентуалното решение. Во Македонија, пак, главната главоболка е опозициската десничарска ВМРО-ДПМНЕ. Оставката на долгогодишниот лидер на партијата Никола Груевски предизвика надеж, но најмногу ќе зависи од тоа кој ќе го наследи како шеф на партијата. Неодамнешните коментари на Заев дека добива позитивни сигнали од опозицијата создаваат оптимизам, но се уште е премногу рано да се даде конечен заклучок како ќе се движат работите, пишува „Екатимерини“

Екатимерини име Нимиц преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.