Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екс-ју државите сметаат дека нивната култура е посупериорна од другите

0
By Нова ТВ on October 29, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 29, 2018 20:30

Граѓаните во источниот дел од европскиот континент се поконзервативни по повеќе социјални прашања и се порелигиозни отколку жителите на северна и западна Европа, покажува истражување на американскиот инстут Пју Рисрч.

Во споредба со западна Европа, источна и централна Европа е помалку отворена кон муслиманите и евреите, истополовите бракови и ја смета својата култура за супериорна над другите.

– Континенталната поделба во однесувањата и вредностите можат да бидат екстремни во одредени случаи, наведува Институтот во најновата анкета за Европа.

Истокот на Европа во анкетата е дефиниран географски и ја вклучува територијата од Грција до Русија, Ерменија и Грузија. Во изтражувањето нема податоци за Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора.

Во централна и источна Европа помалку од половина граѓани би прифатиле муслиман во своето семејство, а само малку повеќе од нив би прифатиле евреин. Во Западна Европа, по ова прашање граѓаните се многу поотворени. Па така, само седум отсто Ерменци би прифатиле во семејството да им се приклучи лице од исламска вероисповест, додека во Холандија таа бројка достигнува 88 проценти.

Слични културни разлики се забележуваат по прашањата за истополовите бракови. Со исклучок на Чешка, жителите на ниту една земја од Источна Европа, не поддржуваат ваков облик на брак, додека резултатите се обратни на северот и западот на континентот. Негативниот однос кон истополовите бракови и кон муслиманите преовладува и кај помладата генерација (помеѓу 18 и 34 години), што е исто така крупна разлика со младите на Западот.

Анкетата покажува и дека луѓето во Источна Европа ја сметаат својата култура за супериорна над другите. Ова чувство е најсилно во Грција, Грузија и Ерменија, а потоа во Русија, Бугарија и поранешните југословенски држави.

За огромното мнозинство источноевропски граѓани „религијата е клучна компонента на националниот идентитет“, но тука спаѓаат и земји како Ирска, Италија и Португалија, додека Летонија, Естонија, Чешка и Словачка се поблиски до другите западни и северни земји по ова прашање.

Помал е културнитот контраст и по прашањето за легален абортус. Швеѓаните, Данците, Финците, Белгијците и Чесите се на врвот на листата на земји кои поддржуваат легален прекин на бременоста. Мнозинството во Естонија, Бугарија, Унгарија, Словачка, Србија и Хрватска исто така се во оваа група, додека жителите на Грузија, Молдавија, Украина и Русија пак се најостро против.

Поделбата помеѓу црквата и државата ужива посилна поддршка во Западна Европа, но и повеќе источноевропски земји се наоѓаат во оваа група, со Босна и Херцеговина на трето место, а Чешка на петто.

Истражувањето е водено помеѓу 2015 и 2017 во 34 европски земји и со него се опфатени 56.000 возрасни лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.