Поеанешниот министер за одбрана, Џејмс Матис, кој даде оставка во 2018 година по одлуката на Трамп за повлекување на војниците од Сирија, излезе со остар коментар и критика кон го американскиот претседател, поради начинот на кој се справува со масовните протести во САД.
Матис досега никогаш не го критикувал претседателот, но сега одлучи да го прекине молкот, иако и претходно велеше дека нема да молчи вечно за начинот на кој Трамп ја води државата.
Во коментар објавен вчера во „Атлантик“, Матис го критикува Трамп за тоа како се справува со протестите предизвикани од смртта на Џорџ Флојд.
Тој меѓудругото го обвинува Трамп дека и` наредил на војската да ги прекрши уставните права на граѓаните.
„Лут и запрепастен ги набљудував настаните оваа недела. Зборовите „Еднаква правда според законот“ се втемелени на ѕидот на зградата на Врховниот суд. Всушност, тоа демонстрантите со право го бараат.
Не смеат тоа да ни го одземат оние малобројните кои го кршат законот. Протестираат десетици илјади совесни луѓе кои инсистираат на тоа да бидеме дораснати на нашите вредности како народ и нација.
Доналд Трамп е првиот претседател во мојот живот кој не настојува да го обедини американскиот народ, дури не се ни преправа дека го прави тоа. Наместо тоа, тој сака да не подели- американскиот народ може да се обедини и без Трамп. Тоа е барање зад кое сите би требало да застанат.
Не смеат тоа да ни го одземат оние малобројните кои го кршат законот. Протестираат десетици илјади совесни луѓе кои инсистираат на тоа да бидеме дораснати на нашите вредности како народ и нација“ пишува Матис.




