Published: Tuesday, April 7, 2015 11:44
Поранешниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ најави формирање на нова партија, левоцентристичка формација на млади луѓе со свежи идеи, пренесуваат хрватските медиуми.
Тој најави дека кон средината на следниот месец ќе се одржи основачко собрание на партијата, додавајќи дека темелни одредници ќе бидат тоа што Хрватска не ги спровела реформите.
Името на партијата Јосиповиќ го држи во тајност
– Недостатигот на реформи е најголем проблем на оваа Влада. Праксата покажа дека во нашите институции има многу проблеми, како што е бавното решавање на судските спорови и неразумните прописи кои ја стопираат економијата, но и бавната реакција за кризата, вели Јосиповиќ.




