Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Експерти: И оваa зима ќе се справуваме со загаден воздух

0
By Влатко Чаловски on November 10, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градот Скопје, Тетово и останатите општини низ Македонија, се пред уште една предизвикувачка зима каде што ќе се соочат со загадениот воздух.

Изминативе години, токму периодот кон крајот на октомври па се до февруари, мерните станици покажуваат алармантни бројки кога се мерат тешките честици ПМ10 и ПМ2.5 кои лесно влегуваат во дишните патишта на човекот.

Но според организациите кои директно се занимаваат со загадувањето на животната средина, можеби луѓето имаат најголемо учество во аерозагадувањето.

Имено, според Невена Смилевска од „Еко Свест“, последните истражувања на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), покажале дека домаќинствата во град Скопје се со најголем процент на учество во загадувањето со 40 отсто.

Сепак, како што вели Смилевска, аерозагадувањето е комплексен проблем кој бара напори од сите сектори за да се почувствува ефектот.

„Мерките се нешто поконкретно, тоа се измените на законски решенија, поместување на праговите за алармирање и информирање, спроведување на сообраќаен план, субвенции за почисто греење…ако овие се спроведат, ситуацијата верувам дека ќе биде подобра. Треба да се најде решение кое е оптимално за Скопје. Сите сектори треба да се таргетираат. И индустријата и греењето и сообраќајот и градежниот сектор, за да имаме ефект“, вели таа.

Во меѓувреме пак, потребна е повисока свест и од граѓаните за полека да се средува проблемот.

„Граѓаните треба да се погрижат за својата благосостојба и помалку да користат возила, односно да користат повеќе јавен транспорт и да се погрижат да ги користат возилата ефикасно, односно да не се возат по еден човек во автомобил“, потенцира Смилевска.

И додека неспорно е дека улогата на граѓанинот е голема во превенцијата од загадување на амбиенталниот воздух, сепак властите се тие, како што вели Соња Ристеска од тинк тенк организацијата „Аналитика“, кои треба да им понудат на граѓаните алтернативни мерки.

„Домаќинствата загадуваат да, но нема алтернатива како гас или топлински пумпи и луѓето живеат во куќи со стари фасади и кровови кои течат… треба што побрзо да се започне со конкретни мерки и да им се пружи помош на граѓаните да си ги средат домовите, да не користат повеќе дрва и да им се помогне да се затоплат бидејќи ќе биде потребно време за гасификација“, вели Ристеска.

Таа предупредува дека и оваа зима граѓаните ќе се справуваат со загаден воздух, бидејќи со години наназад немало конкретна заинтересираност и волја од властите за решавање на прболемот.

„Треба да им биде јасно на граѓаните дека и годинава ќе си ја поминеме со загаден воздух бидејќи мерките требаше многу порано да се преземат. Не е едноставно, многу години не се правеше ништо бидејќи се немаше волја или разбирање од страна на властите бидејќи мерките се доста комплицирани и чинат доста пари“, вели таа.

Ристеска за ова наоѓа причина во лошо организираниот транспорт, недоволното инвестирање во урбанизиран транспорт во Скопје и другите градови.

„Урбанизацијата е преголема, се градеше се и сешто насекаде така да многу е комплицирано. Со години не се внимавало на урбанизацијата, сообраќајот или загревањето во домаќинствата со оглед на тоа што има тешки земи. Ниту една мерка не треба да иде сама по себе. Да, треба да се забрани увоз на стари возила и возила кои загадуваат но истовремено на жителите треба да им се понуди алтернативен начин на транспорт кои помалку загадуваат…ние мораме да бидеме подготвени, бидејќи мерките ќе бидат тешки, но луѓето ќе мора да се откажат од некои работи ако сакаат да дишат чист воздух“, потенцира Соња Ристеска од „Аналитика“.

Годинава се уште не сме стигнале до алармантна состојба во загадувањето на воздухот иако мерните станици, особено навечер покажуваат бројки над дозволеното.

Во моментов се работи на интерсекторска комуникација помеѓу институциите и локалната самоуправа на територија на град Скопје, а градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за наскоро најави конкретен сет на мерки со кои „ќе го нападне“ проблемот со воздухот а во кои при селекција на возилата кои загадуваат, меѓу другото ќе се носат низа паралелни мерки за поевтин јавен транспорт.

Минатата година а и кон средината на 2017 година, независниот истражувачки центар „Нумбео“, ги смести Тетово и Скопје како најзагадени градови во Европа.

аерозагаденост Аналитика Еко-Свест Невена Смилевска ПМ10 Соња Ристеска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.