Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Експертка од СЗО: Сериозно сфатете го Омикрон, не е точно дека е како обична настинка

0
By НОВА ТВ Balaban on January 12, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во меѓувреме, експертите на Светската здравствена организација предупредија дека администрирањето на засилувачките дози од оригиналните вакцини против Ковид не е остварлива стратегија против новите варијанти и повикаа на нови вакцини кои подобро штитат од трансмисија.

Американскиот епидемиолог и експертка од Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19, Марија Ван Керхове, истакна дека варијантата Омикрон не значи лесна форма на болест.

Во видео клипот објавен на нејзиниот налог на Твитер, Керхове рече дека појавата на Омикрон што циркулира нашироко и кој многу ефикасно се пренесува меѓу луѓето е она што предизвикува нагло зголемување на случаите на коронавирус во светот. Таа истакна дека омикрон брзо ја надминува варијантата делта во однос на циркулацијата.

Керхове нагласи дека една од работите што треба да се нотира е бројот на случаи кои се навистина се пријавени, односно укажа дека бројот на заразени веројатно е значително поголем бидејќи на многу места во светот има недостиг од тестови, контрола и следење на заразените лица. Исто така има голем број кои се тестирале со домашни тестови, а потоа позитивниот резултат не е пријавен.

– Она на што предупредуваме е дека и покрај тоа што имаме некои информации дека Омикрон предизвикува помалку тешка форма на болест од Делта, тоа не е лесна болест и ова е навистина важно бидејќи и на луѓе заразени со омикрон им е потребна хоспитализација.

– Значи, сфатете го ова сериозно. Наративот дека е како обична настинка не е точен, наративот дека предизвикува само блага форма не е вистинит, и затоа мораме навистина да се бориме против тоа, додаде таа.

Што се однесува на наводната нова варијанта „делтакрон“, Керхове повтори дека хибридот на варијантите делта и омикрон веројатно се случил како резултат на лабораториска грешка.

– Да не користиме зборови како „делтакрон“, „флуронa“ или „флурон“. Ве молам. Овие зборови укажуваат на идејата за комбинација на вируси / варијанти, а тоа не се случува. Делтакрон веројатно е резултат на контаминација за време на секвенционирањето. SARS-CoV-2 продолжува да се развива, напиша таа на Твитер.

Во меѓувреме, експертите на Светската здравствена организација предупредија дека администрирањето на засилувачките дози од оригиналните вакцини против Ковид не е остварлива стратегија против новите варијанти и повикаа на нови вакцини кои подобро штитат од трансмисија.

Експертка Омикрон Сериозно СЗО сфатете го
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.